Британците во шок: Од денеска за 54% поскапува струјата и плинот

Државниот енергетски регулатор денеска ја зголеми ценовната граница за 54 отсто, што е најголемиот таков скок од 2017 година од кога почна да го ограничува зголемувањето на цените.

Поради поскапувањето на струјата и бензинот, двојно ќе се зголеми бројот на домаќинствата кои „се мачат да си ги платат сметките“, односно оние кои трошат најмалку 10% од вкупниот приход на сметки за енергија. Во Британија наскоро би можеле да има 5 милиони такви семејства, пишува CNN.

„Милиони луѓе ќе имаат проблем да платат за греење и електрична енергија“, рече вчера Адам Скорер, извршен директор на Националната енергетска акција, добротворна организација за борба против сиромаштијата.

Уште во октомври минатата година, британските сметки се зголемија за 12%, откако големопродажните цени на бензинот скокнаа на рекордно ниво поради светската криза во снабдувањето со природен гас. Аналитичарите очекуваат дека наесен може да има дополнително зголемување на цените, бидејќи инвазијата на Украина ја наруши состојбата на пазарот.

Фондацијата Резолушн, организација која го анализира животниот стандард, проценува дека ако цените дополнително се зголемат во октомври, бројот на британски домаќинства кои се борат за да ги платат сметките за енергија може да достигне 7,5 милиони – речиси една третина од сите семејства во Британија.

 

 

Back to top button
Close