Можеби ќе ве интересира
Close
Поранешната обвинителка за воени злосторства Карла дел Понте го повика Меѓународниот кривичен суд да издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, пренесува АФП.

„Путин е воен злосторник – рече Дел Понте (75), која ги истражуваше воените злосторства во Руанда и поранешна Југославија во интервју за „Ле Темпс“.
Дел Понте, која со години работеше и во комисијата на ОН која ги истражуваше злоупотребите на правата во сириската војна, истакна дека издавањето налог за апсење ќе сигнализира дека истрагата е завршена.
„Тоа е единствениот постоечки инструмент што дозволува сторителот на воени злосторства да биде уапсен и изведен пред МКС – рече таа.
Дел Понте призна дека налогот за апсење не мора да значи дека Путин ќе биде уапсен.