Скопје ќе влезе во Новата 2027 со македонски изведувачи, без огномет. Скопје ќе се украсува од 10 до 15
Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Град Скопје, во гостување во „Тема на денот“ на телевизија Сител, зборуваше за новогодишното украсување на Скопје и организацијата на новогодишната прослава, при што посочи дека градот ќе биде украсен во периодот од 10 до 15 декември, а за новогодишната ноќ се предвидени исклучиво македонски изведувачи.

„Некаде по планот ни е од 10-15 декември да биде накитено Скопје. Она што се уште го немаме доутврдено, со тимот работиме на истото, е организацијата на новогодишната прослава, но и деновите кога ќе има базар и се останато на градскиот плоштад. Главната прослава ќе биде на градскиот плоштад и тука ми е драго што се солидаризираат и колегите, за разлика од минатото, сите скопски градоначалници, да имаме една прослава во градот. И минатата година беше така. Одлучивме оваа година како и минатата со исклучиво македонски изведувачи, ние имаме богата културна сцена. Не сме ги утврдиле се уште имињата, но мислам дека ќе биде достоинствен пречек на Нова година. Да најавам уште од сега, огномет нема да има. Има поделени мислења кога станува збор за огнометот за новогодишната ноќ“, вели тој.






