Снимка од дрон: Како огнот проголта дел од „Треска“

Снимка направена со дрон покажува колку од просторот кај поранешната фабрика „Треска“ во центарот на Скопје проголта пожарот што изби попладнево.

Првичните информации што досега се објавени говорат дека пожарот избил во магацин и огнот зафатил и пластични материјали, дрва, грмушки и отпад.

Снимката од птичја перспектива, која ја направија од „Само прашај“ при Институтот за комуникациски студии (ИКС), можете да ја погледнете во продолжение.

Засега од МВР велат дека нема пријави за повредени лица. Полициски екипи се на терен, а имаше и евакуација на жителите од околните згради.

Просторот кај „Треска“ беше во фокусот на јавноста откако по падот на мораториумот за градба во Општина Центар се отвори патот за градење по стариот спорен ДУП кој на ова место предвидува да никнат 30 нови згради.

Back to top button
Close