Шаќири: Мора да имаме доверба во процесот, ние сме во процес на усогласување на сите плати

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири кажа дека треба да има доверба меѓу двете страни во преговорите за зголемување на платите, а притоа наставата да не биде прекината.

Шаќири кажа дека не гледа причина да се покаже недоверба во процесот, затоа што вели дека во моментов се во процес на ребаланс на буџетот, па сите министерства го разгледуваат тоа како што го разгледува МОН.

 

„Јас побрав од сите министерства да ги разгледаат сите можности. Но едно да имаат во предвид сите наставници и претседателот на СОНК и сите членови на Советот на СОНК тоа што е Законот за минимална плата членот 8а од Законот вика дека треба усогласување на сите плати во текот на период од шест месеци. Што значи дека ние сме во процес кога се уште не е реализирана првата минимална плата во трети месец до деветти месец имаме простор, но ние ова пак како одговор на Влада го реализираме побрзо. Даваме простор да се реализира побрзо“, вели Шаќири.

 

 

Back to top button
Close