Казнети 413 возачи за брзо возење на територијата на цела држава

Во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, казнети се 413 возачи.

Од нив, информираат од МВР,  64 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 10 возила се движеле со дури над 70 километри на час. Притоа, 202 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 211 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

Back to top button
Close