На тетовското Кале пронајдени ракетен фрлач и рачна бомба, најверојатно останати од 2001 година

По извршениот увид, вреќата била безбедно подигната од претставници на Дирекцијата за заштита и спасување

На тетовското Кале полицајци од СВР Тетово вчера пронашле вреќа во која, меѓудругото, имало ракетен фрлач и рачна бомба, пишува во дневниот билтен на МВР.

Најверојатно, како што велат од полицијата, тие потекнуваат од конфликтот во 2001 година.

„Вчера во 15:20 часот во СВР Тетово на тетовското Кале, во близина на црквата и трафостаницата, полициски службеници од СВР Тетово пронашле вреќа во која имало ракетен фрлач, рачна бомба, еден проектил 30 мм и 31 куршум кал. 7,62 мм и 14 мм, кои најверојатно потекнуваат од конфликтот во 2001 година“,

пишува во полицискиот билтен.

По извршениот увид, вреќата била безбедно подигната од претставници на Дирекцијата за заштита и спасувањ

Back to top button
Close