Мицкоски: Владата да ги прифати барањата на наставниците за учениците во вторник да се вратат во нивните клупи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на свечената литургија по повод големиот православен празник Христово Воскресение – Велигден во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ по што даде и изјава за медиумите.

Запрашан за коментар за тоа дали е можен договор помеѓу СОНК и Владата за учениците конечно од вторник да се вратат во клупите, Мицкоски истакна дека Владата треба да ги прифати барањата на СОНК и апелираше до Ковачевски и останатите на разум.

„Јас апелирам да се постигне договор час поскоро и од вторник сите ученици да се вратат онаму каде што им е местото, во клупите. Владата треба да ги прифати барањата на СОНК, а не со нивниот омилен синдикалец кој што напати во  минатото се покажа како верен послушник на политиките најпрвин на Зоран Заев, а сега и на Ковачевски, да прави некакви квази договори. Апелизам за разум до Ковачевски и останатите да намалат со крадењата и трошењата и да ги задоволат барањата на СОНК и на наставниците и на вработените во градинките, а учениците да се вратат во вторник онаму каде што им е местото, а тоа е во клупите“, потенцираше Мицкоски.

 

Back to top button
Close