Мицевски: Од утре активна блокада на Собранието
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски денеска по состанокот со пратеничката група на неговата партија и коалицијата „За обнова на Македонија“, соопшти дека е потврдена одлуката за активна блокада на Собранието.

Блокадата, напомена Мицевски, почнува од утре, а подразбира „попречување на штетните закони и политики“.
– Подготвени сме да одиме до крај зашто можеме и мораме да ја осигураме иднината на граѓаните – изјави Мицевски пред седиштето на партијата.
Одлуката за активна блокада на Собранието што претходно ја донесе Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, според Мицевски, на денешната средба била едногласно прифатена.
На координативната средба присуствуваше и лидерот на партијата Христијан Мицкоски