Камионџија од Грција нападнал цариник

 

На Граничен премин „Табановце“ бил приведен Н.Н. од Грција од страна на полициски службеници од СВР Куманово.

„Тој се однесувал агресивно и физички нападнал царински службеник кој вршел царинска контрола на неговото товарно возило со кое пристигнал на преминот“, информираат од полицијата.

Н.Н. бил приведен во полициска станица и по целосно докумнетирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

Back to top button
Close