Грлиќ-Радман за ТВ21: Сакаме Македонија да ги отпочне преговорите, а прашањата паралелно да се решаваат

Министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман во интервју за ТВ21 посочи дека тие сакаат Северна Македонија да ги отпочне преговорите со ЕУ, додека пак проблемите и прашањата кои се дел од Договорот за добрососедство со Бугарија паралелно да се решаваат.

„Гледаме дека Северна Македонија и Албанија, ако се сеќавате за време на хрватското претседавање, донесовме заедничка декларација по Самитот во Западен Балкан. Ја поддржавме европската перспектива за овие две земји и го поддржавме брзото започнување на преговорите. Сега немаме датум, имаме ситуација кога постои одредена блокада од Бугарија. Сакаме тој проблем да се реши, сакаме Северна Македонија да ги отпочне преговорите, а проблемите и прашањата кои се дел од Договорот за пријателство можат паралелно да се решаваат“, вели Грлиќ – Радман.

Тој додава дека Европската Унија мора да биде поприсутна во Западен Балкан.

Back to top button
Close