Левица: Деградација на годишната награда ,,Ѓорче Петров”
Соопштение на Левица

🕵️Денес самоволието на градоначалникот Александар Стојкоски доживеа вистинско фијаско со не присуството на Сокол Митровски како добитник на годишната награда ,,Ѓорче Петров”, при церемонијалниот дел на доделување на годишните награди во реонскиот парк.
👥И покрај бурните реакции од жителите на Ѓорче Петров, ароганцијата и самоволието на Стојкоски, при изборот за доделување на годишната награда, се показатели за добро научениот,,занает” од менторот Сокол Митровски, кој се покажа како добар советник на неговиот наследник.
🪪Аферите со станбените згради, како и мистериозните 500 евра за комунален приклучок во руралниот дел на општината, се дел од богатото досие на Митровски, кое кулминираше со кривична пријава во 2017 година, заради познатиот случај ,,Трансмет” поврзан со злоупотреба на општинско земјиште.
✌️Сепак, по предлог на градоначалникот Стојкоски, мнозинството во Советот на општина Ѓорче Петров, составено од советниците на ДПМНЕ и ЗНАМ, ја кренаа раката ЗА Сокол Митровски, наспроти вториот кандидат, поетот Васил Дрвошанов.
🚩Советничката група на Левица – Ѓорче Петров , остро се спротивставува на ваквото деградирање на годишната награда за заслуги и особен допринос, што понатаму резултира со намален број на апликанти, заради комплетното партиско обојување на настанот, при носењето на конечната одлука.
✊Во Ѓорче Петров има, и понатаму ќе има млади и талентирани лица, кои за жал заради ваквиот однос на Општината кон нив, стануваат инфериорни, и го губат интересот за вистински допринос кон средината од каде што потекнуваат.






