Двајца Битолчани се угушиле од чешмата-убиец во битолска Кисела Вода


Попладнево во Битола, во 16:24 часот, до изворите на кисела вода кај местото викано „Сребрена вода”, битолско, пронајдени се во безживотна состојба А. Н. (68) и К. Н. (63) од Битола.

Несреќниот случај бил пријавен од Итна медицинска помош-Битола во СВР Битола, дека кај изворите на кисела вода на место викано „Сребрена вода” во близина на село Крстоар, имало две починати машки лица. За настанот е известен јавен обвинител.

Од страна на екипа од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Интервенирала и екипа на ТППЕ-Битола.

Утврден е идентитетот на починатите, станува збор за А. Н. (68) и К. Н. (63) од Битола. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се предадени за обдукција.

Инаку, не е ретка појавата, на изворите за кисела вода кај местото викано „Сребрена вода”, лица кои полнат вода поради гас во околината на изворите да го изгубат својот живот.

Back to top button
Close