Папата Франциско: Калуѓерки и свештеници гледаат порнографија на интернет

Папата во понеделникот ги предупреди семинариите во Рим за ѓаволот на порнографијата признавајќи дека дури и калуѓерките и свештениците гледаат порнографија на интернет.

Тој ги повика да ги користат социјалните мрежи за личен развој и комуникација истовремено предупредувајќи ги на опасностите од дигиталната порнографија, пишува „Гардијан“.

„Тоа е порок на многу луѓе, многу лаици, но и свештеници и калуѓерки. Оттаму доаѓа ѓаволот. И не зборувам само за порнографија како онаа на злоупотреба на деца, која е монструозна, туку и за нормално порнографија. Драги браќа, внимавајте на тоа“, рече папата.

Back to top button
Close