Жито Лукс со нова донација за социјално ранливи лица и семејства

 

Жито Лукс денес во Организацијата на Црвениот крст донираше 2200 пакувања леб за лица со социјален ризик, како директна помош на најранливите категории граѓани.

„Во овие кризни времиња, Жито Лукс како општествено одговорна компанија постојано настојува да помогне на социјално раливите категории граѓани и семејства кои имаат потреба од основни прехранбени производи. Донацијата ја реализираме преку Организацијата на Црвениот крст бидејќи истата располага со соодветни податоци и најдобро знае на кои лица или семејства им е потребна ваква помош“, велат од Жито Лукс.

Компанијата повеќепати досега преку организацијата на Црвениот крст има донирано свои производи што потоа се распределуваат таму каде што е најпотребно.

 

Back to top button
Close