Кети Ташевска е најдобар банкарски службеник за 2022 година од ТТК Банка

Традиционално, по повод „Светскиот ден на штедењето – 31 октомври“, на свечен настан, а во организација на Македонската банкарска асоцијација, беа прогласени најдобрите службеници од банките и финансиските институции за 2022 година.

Оваа година, ТТК Банка АД Скопје признанието за најдобар банкарски службеник го додели на Кети Ташевска – Самостоен соработник во експозитура Битола ПП.

Честитки за достигнувањето, професионалноста и посветената работа на нашата колешка и многу успех во понатамошното работење

 

Back to top button
Close