Силен земјотрес во Измир – се урна минаре на џамија (ВИДЕО)

Две лица се повредени во земјотресот со јачина од 4,9 степени што денеска ја погоди западната турска провинција Измир и предизвика паника меѓу населението, соопштија властите.

Градоначалникот на Измир објави дека нема извештаи за поголема материјална штета освен урнатото минаре на џамија, пренесува АП.

Турската Агенција за управување со вонредни состојби (АФАД) соопшти дека земјотресот со јачина од 4,9 степени, со епицентар во областа Буча во Измир, се случил утринава во 3:29 часот по локално време и бил проследен со неколку помали последователни потреси, како и да се почувствува во околните области.

Најмалку две лица се повредени откако скокнале од височина додека во паника се обидувале да ги напуштат своите домови, објави на Твитер министерот за внатрешни работи Сулејман Шојлу.

 

 

Back to top button
Close