Ковачевски: Најголема опасност за патот кон ЕУ се Левица и Апасиев, Мицкоски е само нивни заложник оти е слаб и без став

За премиерот, Димитар Ковачевски најголемата опасност за патот на  С Македонија кон Европската унија е политичката партија Левица и нејзиниот лидер Димитар Апасиев, кој е против евроатлантските интеграции на земјава, а во тие свои политики, како што истакна, како заложник го има земено лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој е „слаб и без став“.

Ковачевски истакна дека на таков „политички пироман“ не смее да му се дозволи да го прекине европскиот пат на нашата земја.

Откако го почнавме скринингот процесот (со Европската унија н.з.) и почна дискусијата за уставни измени многу размислував и дојдов до заклучок дека вистинската опасност за вропскиот пат на нашатат држава доаѓа од една политичка партија, која во својката програма е против членството во ЕУ, НАТО, против Берлинскиот процес и Отворен Балкан. Тоа е партијата левица и нејзиниот лидер Димитар Апасиев. Уште поголема опасност е тоа што тој во заложнишство го зема претседателот на ВМРО-ДПМНЕ затоа што тој е слаб, без став и без визија. Таков човек без став и без одлучност може да биде земен во заложништво и тоа се случува во моментов во македонската опозиција. И сметам дека на таков политички пироман не смее да му се дозволи да го прекине европскиот пат на нашата земја“,рече премиеротКовачевски

Back to top button
Close