За месарите што имаат фотоволтаици нема поефтина струја.

За цената на месните производи да се намали веднаш за над 10 до 15 отсто потребно е да се ослободат царините за увоз на смрзнато свинско месо за преработка што беше во сила четири години и заврши во јуни 2022 и доведе до поскапувања, апелираат од Групацијата за преработка на месо и производи од месо при Стопанската комора.

Оттаму велат дека месарниците уште денеска ги намалиле цените на дел од производите за пет отсто но, сепак, како што додаваат, секоја компанија поединечно си одлучува по колку ќе ги продава своите производи. Поевтинувањата на месото, велат, не се знае до кога ќе трае со оглед на тоа што дел од компаниите биле одбиени на владиниот повик за субвенционирана струја.

Уште денеска ги намаливме цените на одредени производи, верувајќи ѝ на Владата дека мерките ќе бидат ефективни. Намалени се околу 50-ина производи, дел од свежото свинско месо и дел од пилешкиот асортиман, но до кога ќе важи тоа не знаеме зашто некои компании се одбиени и се ставени во нерамноправна положба. Очекувавме мерката за струјата да биде јасна и целата работа да биде завршена со доставување на документацијата. Но, вчера и завчера дел од компаниите се одбиени, а немаме објаснување зошто. Единствено заедничко е што имаат фотоволтаици“,истакна претседателот на Групацијата Гоце Трајчев.

Трајчев вели дека компаниите од месната индустрија кои имаат поставено фотоволтаици се подготвени вишокот струја да го даваат гратис, за тоа да не биде пречка и да добијат субвенционирана електрична енергија.

Од Комората додаваат и дека вчера попладне добиле соопштение од ЕВН во кое се посочува дека компаниите кои имаат фотонапонски централи, имаат вишоци струја и за нив договорите ќе треба да се доработат за да се регулира продажбата на тие вишоци.

„Заедно со ЕСМ и Министерството за економија ќе се направи се за да се доработат договорите. Насоката е дека тоа ќе се случи најбрзо што може, можеби утре, во понеделник или во јануари. Станува збор за вишоци кои компаниите никаде не може да ги користат и се подготвени да го надминат овој проблем“,рече Даниела Михајловска од Комората.

Од денеска компаниите за производство на основни прехранбени производи ќе добиваат субвенционирана струја од ЕСМ, мерка која ја донесе Владата со цел намалување на цените на основните продукти.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close