Наредбата за Мијалков беше за 12 декември, а не за денес,реагира затворот во Струга
-Станува збор за техничка грешка од страна на Кривичниот суд. Во нашата институција најпрвин примивме наредба за спроведување на осудениот Сашо Мијалков на 28 ноември, за одредено рочиште на 12 декември. По оваа наредба постапивме и го испративме осудениот Мијалков на рочиште. Оваа судско рочиште беше одложено и потоа на 14 декември пристигна ново барање од Кривичниот суд за истото лице, но и во ова барање датумот на судското рочиште е истото од преходното барање, значи 12 декември. Значи евидентно е дека станува збор за техничка грешка, затоа во прилог ви ги испраќам и двете писма што ние како институција сме ги примиле. Настојуваме на транспарентност и соработка со сите институции, јавноста и секако медиумите, ни изјави директорот Ќуља за „Фокус“.