Затвореник од затворот „Идризово“ нападнал и ранил полицаец
„Осуденото лице М.М. кое престојува во Отвореното одделение во КПД Идризово, утринава околу 8.40 часот, без особена причина со ладно оружје го нападнал припадникот на затворската полиција Х.Х. кој ги извршувал работните задачи во одделението каде престојува ова осудено лице и притоа му нанел повреди по телото во вид на посекотини и набиеници.
Откако повредениот побарал помош од дежурниот Командир на одделение, кон одделението се упатиле пет припадници на затворската полиција заедно со командирот, на кои откако дошле на местото на настанот, осудениот исто така им упатил закани дека ќе ги нападне ако му се доближат“,инфромираат од Управата.
Оттаму додаваат дека осуденото лице М.М. било совладано од затворската полиција и спроведено на Клиниката за психијатрија.