Касами до Ковачевски:Да се отстрани терминот „20 проценти“ и да се замени со терминот „албански јазик“,
Касами, како што вели, разбира дека премиерот Ковачевски е во незавидна ситуација и немајќи политички капацитет и легитимитет да ја води Владата, тој ги толкува различно политичките позиции на Движењето БЕСА.
Барањето за предвремени парламентарни избори е барање на мнозинството граѓани бидејќи оваа влада не произлегува од легитимитетот добиен од последните парламентарни избори, затоа премиерот не треба да меша тези за уставни измени и предвремени избори, стои во реакцијата.
Додека кога зборуваме за уставните измени, се додава во соопштението, Беса уште еднаш го потврдува својот став дека бара да се отстрани терминот „20 проценти“ и да се замени со терминот „албански јазик“, се наведува во реакцијата на Касами.
Почитуван премиере, секој што е против јазикот на еден народ, особено во околностите на Северна Македонија, нужно е против европските вредности и Европската Унија, стои во реакцијата на Касами.