Распишан конкурс за прием на полицајци во северниот дел на Косово

Косовската полиција денеска објави конкурс за регрутирање полицајци од „малцинствата” во четири  општини во северниот дел од Косово.

Како што соопштија од полицијата, заинтересираните кандидати можат да се пријават од 5 до 26 јануари, објави косовскиот весник „Коха”.

На конкурсот можат да се пријават сите „припадници на малцинствата” во Косово.

Србите од северот на Косово на почетокот на ноември ги напуштија косовските служби, вклучително и полицијата поради одлуката за регистерските таблички и Заедницата на српски општини (ЗСО).

Back to top button
Close