Од спорното земјиште до нов објект – ИВЗ доби дозвола и ќе гради административна зграда кај Скопското Кале

Исламската верска заедница (ИВЗ) соопшти дека обезбедила градежна дозвола за изградба на нова административна зграда на својот имот во близина на Скопското Кале. Соопштението, објавено на 20 ноември, поглаварот Шаќир еф. Фетаи го претставува како значајно институционално достигнување, резултат на повеќегодишни напори и соработка со повеќе институции, пренесе Религија.

 

Новото седиште треба да ги обедини дирекциите и административните единици на Ријасетот, а од ИВЗ го најавуваат како инвестиција во модернизацијата на институцијата и подобрувањето на услугите за верниците и поширокото општество.

 

Во соопштението Фетаи им се заблагодарува на сите структури на ИВЗ, муфтиствата, Факултетот за исламски науки, Медресата „Иса Беу“, имамите и верниците, но посебно ги споменува и напорите на поранешниот поглавар Сулејман еф. Реџепи.

 

Благодарност е упатена и до Владата, Градот Скопје, Општина Центар и претставниците на албанската владејачка коалиција ВЛЕН, за нивниот придонес во реализацијата на проектот.

 

Земјиштето кај Кале – проблем уште од времето на Реџепи

Зад актуелната најава за новата зграда стои и подолга историја на нерешени имотно-правни прашања на ИВЗ.

 

Во март 2019 година, тогашното раководство на Заедницата, предводено од Сулејман Реџепи, јавно говореше за проблемите со денационализацијата и враќањето на верскиот имот. Според тогашните информации на ИВЗ, биле поднесени околу 350 барања за денационализација, од кои биле завршени само 40 проценти, додека останатите биле предмет на спорови.

Но, за денешниот проект особено е значајно што во истиот период ИВЗ барала државата да ѝ овозможи изградба на резиденција за поглаварот Сулејман Реџепи, со придружни објекти, на земјиште во близина на Француските гробишта, во поширокото подрачје на Скопското Кале

…

Повеќе

Back to top button
Close