Бектеши:Ние не кажавме дека цените ќе се вратат како што беа до пред една или две години, туку дека ќе има намалување
11.01.2023 17:24
236 Читање помалку од 1м
„Ние не кажавме дека цените ќе се вратат како што беа до пред една или две години, туку дека ќе има намалување на оние цени што беа во септември и октомври. Тоа намалување ќе биде од 7 до 13 отсто на одредени производи, а кај некои веќе и има“,рече Бектеши.
Според него намалување треба да има и кај другите производи и затоа, како што рече Бектеши, прават различни мерки за да се излезе во пресрет на компаниите тие да донесат такви одлуки и да ги намалат цените.
Секогаш кога зборуваме за намалување на цените мислиме на производи што се произведуваат во Македонија, не за тие што се увезуваат затоа што таму немаме никакво влијание освен да ја замрзнеме маржата на дистрибутерите на трговците на мало“,додаде Бектеши.






