За официјална Софија инцидентот на Џамбаски во Скопје е навредлив, провокативен и не е став на бугарската држава
Бугарското МНР вели дека „навреди и провокации се апсолутно неприфатливи и контрапродуктивни“. За изјавите на Џамбаски се додава дека не го претставуваат официјалниот став на бугарската држава и не може да се толкуваат како такви.
Бугари од Македонија, заедно со Џамбаски и други претставници на крајнодесничарската партија ВМРО-БНД, во сабота се собраа на панихида по повод 95-годишнината од смртта на Мара Бунева. Џамбаски на собирот испрати провокативни пораки за територијални претензии. За него, македонските политичари се „србомани кои вршат геноцид врз Бугарите“, а Македонија ја нарече „бугарска“.
Во соопштението на бугарското Министерството за надворешни работи какошто се наведува со големо внимание ги следат изјавите на одредени маргинални политички фигури од Република Бугарија чии провокации продолжуваат, без притоа да водат сметка за напорите кои ги вложуваат двете држави за одржување на конструктивната соработка и позитивниот дух во билатералните односи меѓу двете држави.







