Радев го осуди инцидентот во Охрид

„Декларираните амбиции за членство на Република Северна Македонија во Европската Унија и преземените заложби за реформи и зајакнување на демократските норми во земјата се во спротивност со реалноста во која живеат Бугарите кај нашиот југозападен сосед“,пишува бугарскиот претседател во објава на Фејсбук.
Радев во фејсбук-објавата вели дека нападот на секретарот на бугарскиот клуб е пример за систематско кршење на правата на Бугарите во земјава, што категорично го осуди.
„Систематското кршење на нивните права беше основа на ставот на Бугарија, дека европската интеграција на Република Северна Македонија треба да се заснова на вистински напредок во искоренувањето на јазикот на омраза кон Бугарија и Бугарите и почитување на правата на македонските Бугари“,додава Радев.
Претседателот на Бугарија во објавата на социјалната мрежа додава оти земјата е подготвена да организира и воздушна евакуација на секретарот на бугарскиот клуб во Охрид и да обезбеди негово лекување.