Видео: Џамбаски го опомена претседателот Пендаровски да не помине како кралот Караџорџевиќ и најави дека ќе дојде на 4 февруари во Скопје

Прашан дали се препознава во описот на Пендаровски кој побара Владата да донесе одлука за забрана на влез на еден бугарски европратеник, Џамбаски одговори дека во тој опис го препознава секој Бугарин кој ги застапува правата и интересите на Бугарите во Македонија

Што претставува за нас една таква забрана? Да му порачам на Стево Пендаровски, наречен Стево Коминтерната и дека во минатото и други се обидувале да им забранат влез на лидери на ВМРО во Македонија, а последниот таков пример е со југословенскиот, со српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ. Ако се обидат да ми забранат влез во Македонија нека погледнат во историјата и нека учат од неа – рече Џамбаски синоќа во разговор за бугарската телевизија Нова

Ангел ЏамбаскиАнгел Џамбаски / Фото: Скриншот, Јутјуб

На прашањето дали планирал да дојде во Скопје на 4 февруари заедно со поголема група луѓе да ја одбележат 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев Џамбаски потврди.

Не мислев да одам во Македонија, имав други планови. Но сега, како да одбијам ваква љубезна покана– рече тој.

Владата вчера не донесе одлука за забрана на влез на бугарски државјани, иако завчера по седницата на Советот за безбедност претседателот Стево Пендаровски рече дека ќе даде таков предлог до извршната власт, согласно Законот за странци. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, пак, денеска на новинарско прашање не беше прерцизен што ќе се случи ако Џамбаски се појави на граница на 4 февруари и одговори дека полицијата ќе одлучи за тоа  на 4 февруари.

Кралот Караѓорѓевиќ е убиен е во атентат во Марсеј, од страна на Владо Черноземски, по наредба на ВМРО на 9 октомври 1934 година.

Back to top button
Close