Артан Груби: Само на Русија и одговара да има жаришта на Балканот
Албанскиот јазик е во официјална употреба во секоја институција, општина или дирекција“, рече првиот вицепремиер на Владата Артан Груби, одговарајќи на едно од многуте прашања поставени од граѓаните во рамки на средбите „Заедно за Европа“ на лидерот на ДУИ – Али Ахмети со електоратот и партиската база.
„Срцето ми станува планина на секоја средба во Тетово! Се поставуваат многу добри прашања и сите се во врска со инфраструктурни и капитални проекти. Во однос на употребата на двојазичностa, би рекол следете ја заедничката владина седница со владата на Албанија, секое пишување денес е и на албански јазик, секоја буква ја имаме на албански. Албанскиот јазик е службен јазик во секоја институција, општина или дирекција. Ги слушам како велат зошто Артан Груби не зборува во Тетово. Не заборавајте дека зад мене имам уште пет други Артан Грубовци, бидејќи добриот, храбариот е мој пријател“, рече првиот вицепремиер Груби.
Не заборавајте, додаде тој, дека само непријателот не сака поделени.
„Имавме крупни проекти, овде зборувам за училиштата, институциите, музичкиот театар во Тетово итн. Секогаш сме излегувале како победници во секој процес, затоа не дозволувајте да бидеме поделени и сервилни, туку да станеме фактор на одлучување!Во овие геостратешки околности за нашата земја, не заборавајте дека само на Русија и одговара да има жаришта на Балканот“, подвлече Груби.
извор: frontal.mk