Мијалков на повтореното судење за ,,Трезор”: Не се чувствувам виновен


Адвокатите на Мијалков реагираа дека судот нема такво право, односно потенцираа дека судот може да издаде наредба за изготвување на супервештачење, но тоа е во случај кога веќе имало две спротивставени вештачења, пренесе fokus.mk

-Обвинителството можело во фаза на истрага да изготви вештачење, а во случајот не изготвило. Сега не може да го користи судот да ги превзрме надлежностите на обвинителството, беше дециден адвокатот Петар Василев.

Судијката истакна дека дополнително, во текот на судењето, судот ќе се изјасни за барањето околу вештачењето.

По воведниот говор на обвинителот Ајро, кој истакна дека останува на претходно поднесеното обвинение, обвинетите се изјаснија по прашањето дали чувствуваат вина.

-Разбрав за што се работи и можам само да се произнесам дека не се чувствувам виновен, истакна Мијалков.

Вина, како што рекоа, не чуствуваат ниту обвинетите Небојша Стајковиќ и Тони Јакимовски.

Предметот „Трезор“, го отвори поранешното СЈО, а се однесува на злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.

Според обвинителството, наместо МВР да направи директна набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК од фирмата ГАМА од Велика Британија, како најекономичен начин, тие договориле набавката да се изврши преку друга фирма – посредник Финзи ДООЕЛ Скопје, со што успеале да злоупотребат средства од буџетот на државата.

Според обвинението, во овој случај се злоупотребени околу еден милион евра.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close