Лажни се дојавите за бомби во три училишта во Скопје
Министерството за внатрешни работи соопшти дека се направени сите потребни проверки во врска со пријавите добиени попладнево дека на електронски адреси е упатена закана за наводно поставена експлозивна направа во три училишта во Скопје и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.
-Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од антитерористички тимови и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, се наведува во соопштението на МВР.