Тешка сообраќајна несреќа во Врање – загина македонски државјанин

Македонски државјанин загинал во тешка сообраќајна несреќа која се случила вчера вечерта на улицата „Партизански пат“ во Врање, јавија српски медиуми.

Од полицијата велат дека сè уште не се познати околностите под кои дошло до несреќата. Според неофицијални информации на српските медиуми автомобилот со регистерски таблички од Македонија излетал од патот и удрил во насип. Еден пациент загинал, а еден е згрижен на Итна медицинска помош во Врање.

Back to top button
Close