Повредените во синоќешната сообраќајка во Делчевско пуштени на домашно лекување
Во сообраќајката која синоќа се случи помеѓу две возила на регионалниот пат Делчево – Пехчево – Берово кај делчевското село Стамер, повредени беа три лица кои со возило на Итната помош беа префрлени во најблиските клинички центри.
Според информациите на Итната медицинска помош, повредените по укажаната интервенција се пуштени на домашно лекување.
-Кај повредените беа дијагностицирани повреди на појасна кичма со колкови, повреда на глава со повредна рана и повреда на вратна кичма со повреда на глава. По укажаната интервенција, тие се во добра состојба, информираа од ИМП Делчево.
Поради сообраќајката, сообраќајот на регионалниот пат синоќа беше во прекин, а беше пренасочен по стариот пат Делчево – Тработивиште.