Битиќи: Некој пред седум години си проектирал автопат врз гробишта кај Букојчани, со законските измени и со Бехтел тоа веќе нема да биде можно
„Ние имаме проект финансиран од ЕБРД, од Европската Унија, автопатското решение Букојчани – Кичево. Имало три опции да се изберат, и ахритектите избрале решение кое е најскапи и кое поминува низ село Бокојчани каде требало да се дислоцираат 27 куќи, но и гробишта стари 400 години. Нормално, имаше поплаки од граѓаните, а тоа никој не го земал во предвид. Си седнале на „Гугл мапс“ си проектирале, не излегле на терен, ама законот им го дозволувал тоа. Сега ќе го нема тоа со надоградба на законите“, рече Битиќи на вечерното интервју на Клик плус на ТВ 21.