Помпео в понеделник во посета на Лондон и Копенхаген

–   Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави денеска дека ќе ги посети Велика Британија и Данска следната недела, неколку дена откако Лондон најави забрана за кинескиот телекомуникациски гигант „Хуавеј“.

– Заминувам в понеделник во Велика Британија и Данска и сигурен сум дека кинеската Комунистичка партија и нејзината закана за слободните народи ширум светот ќе бидат високо на врвот на агендата на разговори, изјави Помпео на прес-конференција.

Британската Влада се откажа од своите планови да и даде на   „Хуавеј“ ограничена улога во новата брза мобилна мрежа. Властите во Лондон соопшти дека воведуваат забраната по санкциите на САД со кои се оневозможува гаранција за безбедност на опремата на „Хуавеј“.Одлуката им дава време на британските телекомуникациски оператори до 2027 година да ја отстранат опремата на „Хуавеј“, која веќе е во британската мрежа 5Г.

Операторите мора да престанат да купуваат 5Г опрема од 5Г од „Хуавеј“ до крајот на годината.

САД се заканија дека ќе го прекинат договорот за размена на разузнавачки информации со Велика Британија поради загриженост дека опремата на „Хуавеј“ може да и овозможи на кинеската Влада да се инфилтрира во американските мрежи.

Back to top button
Close