Коридорот 8 на Максим Димитриевски му личел на исцртување на Илирида

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во вечерашното гостување во централниот Дневник на телевизија Сител потенцираше дека коридорот 8 поврзува една траса на релација Скопје-Приштина-Тирана и постави прашање, дали отцртувањето на самиот коридор е отцртување на картата на Илирида којашто многупати досега сме ја погледнале?

„Овој коридор ви поврзува една траса на релација Скопје-Приштина-Тирана. Се поставува прашањето, дали отцртувањето на самиот коридор е отцртување на картата на Илирида којашто многупати досега сме ја погледнале? Никој од носителите на политички функции не го отвори ова прашање да го продискутира. Зошто со самото тоа ставање на поединци во Владата коишто доаѓаат од таа етничка заедница задолжени и привилегирани да располагаат, договараат, располагаат со сите информации се остава простор вака народот да измислува. Зошто господинот Артан Груби е во повластена состојба во однос на било кој друг граѓанин, бидејќи тој автопат ќе се гради со наши пари. Тоа е важен коридор, но Македонија има и други важни коридори. Дали направивме некое анкетирање каде ќе потрошиме една милијарда и двесте милиони евра граѓански пари?“, изјави Димитриевски.

 

Back to top button
Close