Тешко повредена 59-годишна жена која возела електричен тротинет, се судрила со автомобил

МВР информира дека вчера во 13.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул. „Гоце Делчев“ и ул. „Филип Втори Македонски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И.(46) од с. Батинци, Скопско и електричен тротинет, управуван од Л.С.(59) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.С., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Back to top button
Close