Томе Блажески од “Цар Борис Трети” на распит во oбвинителство
Мене не ми е целата некој да оди во затвор 10 години,туку да престане омаловажувањето и дискриминацијата на евреите преку величење на нацизмот и фашизмот, вели претседателот на Еврејската заедница во Македонија, Пепо Леви.
“Очекувам да престанат провокациите и евреите жртви од Втората светска војна да престанат да бидат политичка монета за поткусурање.И мене ми е многу криво што тој фашистички наратив,или тој антисемитизам денеска во 2023-та година се шири со едно невидено темпо и се потпалуваат масите и во Бугарија и во Македонија,па тоа не е во ред.И ние во Македонија не можеме да дозволиме враќање на историјата назад и будење на фашизмот преку промоција на колаборатори на Хитлер“ вели Пепо Леви
.
Ние немаме ништо против сегашна соседна Бугарија, но непотребно се шири омраза помеѓу бугарскиот и македонскиот народ, а нетрпеливоста расте. Наместо сега да газиме со огромни чекори кон Европската унија, ние сите ја сечеме гранката на која стоиме, додава Леви.