Загриженост за постапката против обвинителката Ленче Ристовска, реагираат од Коалицијата за првично судење
Коалицијата за правично судење изрази загриженост откако Советот на јавни обвинители иницираше постапка до Етичкиот совет до Обвинителството за изјавата на обвинителката Ленче Ристоска.
Од Коалицијата велат дека на денешната седница било дискутирано за поведението на двајца обвинители кои не се појавувале на работно место, односно за кои Советот немал информации за нивната работа цели 4 години, како и бил донесен заклучок Советот да се обрати до Етичкиот кодекс за постапување во врска со поведението на еден од двајцата обвинители поради изнесени јавни критики за работата на Советот.
Однесувањето на Ристоска на денешната седница на Советот било анализирано од аспект на тоа дали таквото негово постапување е спротивно на правилата предвидени со Етичкиот кодекс, поконкретно со членот 10 од истиот, кој се однесува на почитување на принципот на професионалност, од страна на јавните обвинители. При што на крајот од дискусијата, бил донесен заклучокот Советот да се обрати до Етичкиот совет на јавни обвинители за натамошно постапување.
„Коалицијата „Сите за правично судење“ би сакала да ја истакне својата загриженост за неинформираноста на Советот за работата на одредени јавни обвинители цели 4 години, иницирањето на постапка пред Етичкиот совет поради јавно изнесени критки на јавен обвинител, фактот што дискусијата за овие прашања се одвиваше под точката разно, како и фактот што во соопштението објавено на веб-страната на Советот отсуствуваат информации токму за овие точки на дискусија“, наведуваат од Коалицијата.
Поранешната обвинителка на СЈО, Ленче Ристоска, претходно вчера ја критикуваше работата на Советот за јавни обвинители, велејќи рече дека таму владеат клиентелистички односи.