Еден новозаразен со Ковид-19 во Дебар

Во изминатото деноноќие во Дебар регистриран е еден нов случај со Ковид-19,што е 11-ти случај во изминатите четири дена.

Од почетокот на пандемијата, како што потврдува епдемологот Ментор Меља, направени се над 1.100 тестови при што позитивен резултат е добиен кај 154 лица, од кои петмина се од Центар Жупа.

– Битката со опасниот вирус ја добија 57, починаа петмина, активни на болеста се 92 лица, од кои десеттина се хоспитализирани во Инфективната клиника и болницата „Осми септмври“ во Скопје. Доколку се направи споредба на бројот на заболени во првата со оние од втората фаза на болеста дури 103 се во втората фаза, откако невидливиот непријател повторно се врати во Дебар, со потврдениот случај на петти јуни, вели Меља.

Во првата фаза беа регистрирани 51заболен, од нив двајца од Центар Жупа при што 47 се излекуваа, додека четворица починаа.

Она што посебно загрижува е фактот што во втората фаза од коронаврусот најчесто погодена е младата популација.

Бројот на новозаразени се очекува да се зголемува имајќи ја во предвид појавата на се поголем број граѓани кои се јавуваат со симптоми на опасниот вирус.

Back to top button
Close