Мицкоски од Њујорк: ЕУ-интеграцијата е за реформа на институциите, а не за промена на идентитетот

Веруваме во европските вредности и ќе продолжиме така, за конечно да најдеме излез од оваа заклучена ситуација во која се наоѓаме сега. Очигледно мораме да чекаме, но не само што чекаме, туку и правиме нешто. Се градиме и развиваме. Ова го изјавил премиерот Христијан Мицкоски на панел-дискусијата на самитот „Конкордија“ во Њујорк, кој се одржува паралелно со Генералното собрание на ОН.

На панел-дискусијата со грузиската заменик-премиерка Мака Ботчоришвили, Мицкоски говорел за евроинтеграциите, односите со САД, инфраструктурните проекти и економските показатели на земјата.

емиерот нагласил дека Македонија повеќе од две децении поради некои вештачки причини, не успеала да стане дел од ЕУ и покрај сите направени отстапки – промена на знамето, Уставот и уставното име

Според него, преговорите со ЕУ требало да служат за реформирање на институциите, а не за менување на македонскиот идентитет и решавање билатерални барања.

Тој го посочил неформалниот документ претставен од Франција и Германија, за кој вели дека од Брисел има најави дека би можел да стане официјална политика на ЕУ.

„А во меѓувреме ние целосно ја усогласивме нашата заедничка надворешна и безбедносна политика со ЕУ. Нашето законодавство е помалку или повеќе усогласено со она на ЕУ. Ние не само што чекаме, ние работиме на нашиот развој, ја завршуваме нашата домашна задача, не го губиме времето, туку напротив – ова е нашиот стратешки камен-темелник и ќе останеме на тој пат напред“изјавил премиерот Мицкоски.

Освен на односите со Европската Унија, премиерот Мицкоски се осврнал и на стратешкото партнерство со САД и изјавил дека сака да бидеме пример за американското присуство во регионот и во Европа.

За врема на дискусијата, Мицкоски потсетил и на соработката во воената индустрија, енергетиката и ископувањето на критичниот минерал антимон преку американската агенција ДФЦ.

Во контекст на соработката со САД и НАТО, премиерот Мицкоски ги претставил и стратешките инфраструктурни проекти на кои работи Македонија.

Споменал дека е обновен нафтоводот Солун-Скопје кој овозможува стабилно снабдување, задоволување на домашните потреби и извоз во регионот, но и дека се работи на гасовод што го поврзува пристаништето Александрополи со Централна Европа.

„Бидејќи овој гасовод е безвреден ако не го поврземе со интерконекторот кон север, кон Србија, започнавме гасовод кон Србија со кој го поврзуваме ЛНГ-пристаништето во Александрополи со Централна Европа. Го започнавме овој проект пред неколку недели и очекуваме гасниот интерконектор кон југ да почне со работа најдоцна до крајот на четвртиот квартал од 2027 година, а северниот интерконектор ќе почне да работи на крајот од 2028 година“рекол Мицкоски.

Во обраќањето на самитот „Конкордија“ во Њујорк, на кој учествувале низа американски и светски лидери и претприемачи, премиерот Мицкоски се осврна и на позитивните економски резултати, постигнати и покрај низата кризи во Европа и на Блискиот Исток.

Back to top button
Close