„ВМРО многу лаже“ Автопатот во Србија го градат без тендер и поскапо од нас ,му врати Груби на Јаревски

Координаторот за изградба на коридорите вицепремиерот Артан Груби повторно се огласи преку фејсбук и го демантира тврдењето на пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Тони Јарчевски кој го обвини Груби дека нашите коридори Бехтел и Енка ке ги градел за два пати поскапо од автопатот во Србија кој според него градежниот конзорциум го добил на тендер а не како кај нас со договор

Координаторот за изградба на коридорите вицепремиерот Артан Груби повторно се огласи преку фејсбук и го демантира тврдењето на пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Тони Јарчевски кој го обвини Груби дека нашите коридори Бехтел и Енка ке ги градел за два пати поскапо од автопатот во Србија кој според него градежниот конзорциум го добил на тендер а не како кај нас со договор.

-Почитувани граѓани:
🔒Не дозволете да ве лажат: ништо не може да ја спречи изградбата, само ја прави поскапа и подолга.
❌ Блокадата на ВМРО и Левица може да ги чини граѓаните над 100 милиони евра и две години подолга изградба на автопат.

ВМРО лаже, многу и безсрамно, или пак можеби едноставно не разбираат!
Бехтел и Енка во Србија го градат автопатот:
📝 Без тендер
⚖️ Со посебен закон
📄 Со истиот договор како и нашиот
💵 Поскапо по километар отколку кај нас
🔎 Со многу поскап консултант отколку кај нас

🛣️ Пратениците одлучуваат дали автопатите ќе се градат побрзо и поевтино или побавно и поскапо – напиша Груби на фејсбук.

 

Back to top button
Close