МОСТ: Поради тесните резултати и маргина на грешка не може да проектираме мандати по изборни единици

Граѓанската асоцијација МОСТ поради тесните резултати и маргината на грешка не е во можност врз основа на досега преброените гласови да ја проектира распределбата на мандати по изборни единици.

– Што се однесува до резултатите од изборите, поради тесните резултати и маргината на грешка која ПВТ примерокот ја продуцира, МОСТ не е во можност да ја проектира распределбата на мандати по изборни единици, рече на вечерашната прес-конференција Алексов.

Тој истакна дека распределбата на мандати може да ја направи само ДИК и тоа откако ќе бидат обработени сите податоци од сите избирачки места.

Според МОСТ во изборната единица 1, со максимална маргина на грешка 2 проценти, ДПА освоила – 0,85 отсто, Политичка партија Демократи – 0,1, Коалиција Можеме – 33,81, Левица – 7,32, Алијанса за Албанците и Алтернатива – 9,31, Глас за Македонија – 0,51, Граѓанско-демократска унија – ГДУ – 0,38, Интегра – 1,37, ДУИ – 11,99, СДУ Скопје – 0,5, Единствена Македонија – 0,24 и МОРО – Работничка Партија – 0,35, Коалиција ВМРО-ДПМНЕ – 32,48 и Твоја партија – 0,8 проценти.

Во изборната единица 2 – максимална маргина на грешка 1,9 отсто, ДПА освоеила 1,13 отсто од гласовите, Политичка партија Демократи – 0,15, Коалиција Можеме – 32,8, Левица – 3,73, Алијанса за Албанците и Алтернатива – 13,48, Глас за Македонија – 0,29, Граѓанско-демократска унија – ГДУ – 0,24, Интегра – 1,53, ДУИ – 14,03, СДУ Скопје – 0,29 Единствена Македонија – 0,3, МОРО – Работничка Партија – 0,28 проценти, Народна партија на Ромите – 0,73 отсто, Коалиција ВМРО-ДПМНЕ – 30,74 проценти и Твоја партија – 0,28 проценти од гласовите

Во изборна единица 3, со максимална маргина на грешка 1,4 отсто ДПА добила 0,15 отсто од гласовите, Политичка партија Демократи – 0,2 отсто, Коалиција Можеме – 42,67 отсто, Левица – 4,55 отсто, Алијанса за Албанците и Алтернатива – 0,78, Глас за Македонија – 0,31, Граѓанско-демократска унија – ГДУ – 0,96, Интегра – 1,7, ДУИ – 2,44, СДУ Скопје – 0,29, Единствена Македонија – 0,31, МОРО – Работничка Партија – 0,52 и Коалиција ВМРО-ДПМНЕ – 45,12 проценти.

Во изборна единица 4, со максимална маргина на грешка 1 отсто, Политичка партија Демократи – освоила 0,23 проценти од гласовите, Коалиција Можеме – 46,37, Левица – 4,15, Алијанса за Албанците и Алтернатива – 0,15, Глас за Македонија – 0,35, Граѓанско-демократска унија – ГДУ – 0,24, Интегра – 1,58, ДУИ – 0,31, СДУ Скопје – 0,32, Единствена Македонија – 0,43, МОРО – Работничка Партија – 0,44, а Коалиција ВМРО-ДПМНЕ – 45,43 проценти.

Во изборна единица 5, со максимална маргина на грешка 2 проценти, ДПА освоила 0,55 проценти, Политичка партија Демократи – 0,33, Коалиција Можеме – 36,15, Левица – 3,13, Алијанса за Албанците и Алтернатива – 7,1, Глас за Македонија – 0,25, Граѓанско-демократска унија – ГДУ – 0,43, Интегра – 1,15, ДУИ – 13,85, СДУ Скопје – 0,28, Единствена Македонија – 0,2, МОРО – Работничка Партија – 0,3, Коалиција ВМРО-ДПМНЕ – 36,12, а Твоја партија – 0,18 проценти.

Според МОСТ во изборна единица 6, со максимална маргина на грешка 1,6 отсто, ДПА освоила 7,64 проценти, Политичка партија Демократи – 0,17 отсто, Коалиција Можеме – 20,26, Левица – 1,53, Алијанса за Албанците и Алтернатива – 26,21, Интегра – 0,44, ДУИ – 29,74, Единствена Македонија – 0,29, МОРО – Работничка Партија – 0,21, а Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – 13,53 проценти.

Според податоците добиени од програмата за паралелно сумирање на гласовите (ПВТ), која претставува математичко-статистичка научна метода, според МОСТ, одѕивот на гласачите по изборни единици е во ИЕ 1 – 53,42, во ИЕ 2 – 49,53, во ИЕ 3 – 57,76, во ИЕ 4 – 61,85, во ИЕ 5 – 51,13 и во ИЕ 6 – 40,84 проценти.

Back to top button
Close