Македонските фудбалери во септември против Бугарија на стартот во Лигата на нации

Новоформираната Лига на нации на УЕФА во женска конкуренција ќе стартува оваа есен, а македонските фудбалерки во воведниот натпревар во рамки на Ц – дивизијата ќе ја пречекаат Бугарија на 22 септември.

Избраничките на селекторот Кирил Изов во вториот натпревар ќе го пречекаат Косово на 27 октомври, а реваншот против истиот противник е закажан за 31 октомври.

Во последното коло македонската женска фудбалска репрезентација ќе ѝ гостува на Бугарија на 5 декември.

Пласман во Б – дивизијата ќе обезбедат првопласираните репрезентации во петте групи, додека второпласираните ќе играат во плејофот за место во повисокиот ранг во Лигата на нации. 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close