Тројца осуденици егзекутирани во Иран поради “Војна против Бог” и вмешаност во загинувањето на полицајци за време на протестите по убиството на Махса Амини

Иранските власти денеска егзекутираа тројца мажи осудени за вмешаност во загинувањето на тројца полицајци за време на протестите за смртта на Махса Амини минатата година.

Маџид Каземи, Салех Мирхашеми и Саид Јагуби беа прогласени за виновни за „војна против Бог“ за време на демонстрациите во централниот ирански град Исфахан, објавија судските власти.

Уапсени во ноември минатата година, обвинетите беа осудени на смрт во јануари.

Тие беа прогласени за виновни како „членови на групи кои имале намера да ја нарушат безбедноста на земјата“.

Протестите во Иран почнаа на 16 септември 2022 година, на денот кога во болница почина Махса Амини (22), која беше уапсена и убиена три дена претходно во Техеран поради „несоодветна облека“ и непочитување на строгиот кодекс на облекување на жените во Иран.

Back to top button
Close