Деловните банки во земјава повеќе нема да тргуваат со готовина во норвешки и шведски круни
Деловните банки во земјава повеќе нема да тргуваат со готовина во норвешки и шведски круни.
Причината за ова, како што соопштија од Македонската банкарска асоцијација (МБА), се прекинатите врски за размена на ефективните парични средства во овие две валути од страна на деловните банки во Норвешка и Шведска поради зголемена претпазливост во врска со нивната регулатива за спречување перење пари.
За ова постојат и официјални известувања од централните банки на овие две земји.
„Одлуката за прекин на тргувањето со готовина во норвешки и шведски круни од страна на домашните деловни банки нема да влијае на безготовинскиот промет односно клиентите и понатаму ќе можат на девизниот пазар да купуваат и продаваат норвешки и шведски круни, согласно своите потреби, на истиот начин како што од неодамна се одвива и тргувањето со дански круни“додаваат од МБА.