(Видео) Чуден „подарок“ за Пинк: Обожавател на сцена и фрли кеса со пепел од неговата кремирана мајка

Светската музичка ѕвезда Пинк во текот на својата кариера добиваше бројни подароци од публиката на концертите. Тешко е да се наведе што се и фрлија на сцената, но изненадува последниот најбизарен подарок.

Пинк одржа концерт во Лондон каде, очекувано, од фанпвите доби разни мечиња, бонбони, цвеќиња… И пепел.

Бидејќи беше во првиот ред, Пинк ја зеде чантата, ја погледна и збунето го праша младиот човек – „Ова е пепелта на мајка ти?“.

Откако добила потврден одговор, настанала молк.

„Не знам како да се чувствувам за ова“, рече збунетата Пинк.

„Морам да кажам дека првпат го добивам ова“, додаде Пинк, а видеото од бизарниот момент стана хит на Интернет.

Back to top button
Close