„Глас против насилство“ по смртта на 13-годишникот: Децата не се виновни за неуспехот на институциите да ги заштитат

Тринаесет годишното дете повредено во насилниот настан во скопски Чаир почина. Изразуваме искрено сочувство до неговото семејство и блиските. Нивната загуба не смее да биде проследена со уште неколку дена шок, изјави и ветувања што ќе бидат заборавени. По којзнае кој пат бараме државата да преземе сеопфатни мерки за заштита на децата од насилство. Денес бараме и одговор: кој бил должен да ги препознае предупредувачките знаци, дали имало претходни сигнали и што направиле надлежните институции? Сите околности мора темелно да се утврдат, а јавноста да биде информирана за институционалното постапување – велат од „Глас против насилство“.

Од Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство порачуваат „Недозволиво е по секој тежок случај одговорноста повторно да се бара првенствено од децата: да се етикетираат како „насилни“, да им се држат лекции за однесување и да се предлагаат сè построги казни. Казната сама по себе нема да препознае дете во ризик, да отвори безбеден простор за пријавување или да обезбеди навремена психолошка помош. За тоа се одговорни возрасните и институциите. Институциите не смеат да чекаат насилството да заврши со тешки повреди за да реагираат. Образовните институции, центрите за социјална работа и здравствените служби мора да воспостават превенција што функционира секој ден: обучени наставници и стручни служби, доверливи начини за пријавување, навремена процена на ризикот, јасно упатување до услуги и поддршка за децата и семејствата. Ниту едно дете што бара помош не смее да остане само затоа што институциите меѓусебно си ја префрлаат надлежноста“.

„Сеопфатното сексуално образование мора да биде дел од таа превенција. Тоа ги учи децата, на начин соодветен на нивната возраст, да препознаат насилство и злоупотреба, да ги почитуваат сопствените и туѓите граници, да градат односи без понижување и присила и да знаат каде да побараат помош. Кога овие знаења се повлекуваат од училиштата, децата се лишуваат од важен дел од заштитата што образовниот систем треба да им ја обезбеди“ се вели во соопштението.

Потенцираат „Државата не може да ја префрла својата одговорност врз децата. Не бараме уште една декларација и кампања за „нулта толеранција“. Бараме институции што ќе постапуваат навреме, училишта во кои децата можат безбедно да побараат помош и мерки што ќе спречат следно дете да го загуби животот

Back to top button
Close