По реакциите за условите во „Стив Наумов“, ЕУ бара проверени информации и одговорност за недостатоците


По негодувањата за условите во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје, Делегацијата на Европската Унија информира дека направила увид во состојбата и ги проверила околностите, вклучително и со посета на реновираните објекти.

Реконструкцијата на домот била реализирана со финансиска поддршка од Европската Унија, Владата на Македонија и Германската развојна банка (KfW), во рамките на програмата за унапредување на условите за студентско сместување. Обновените објекти биле предадени во употреба на 30 септември 2026 година, а сè уште важи гарантниот рок.

Од Делегацијата објаснуваат дека евентуалните пропусти во изведбата или техничките проблеми треба да бидат пријавени кај надлежните, по што градежната компанија треба да ги провери и да ги отстрани во согласност со своите обврски.

LANDOV Митовски тврди: Поранешните сопственици однапред знаат кога АХВ ќе ги собира кравите
Воедно, од ЕУ потенцираат дека забелешките на студентите се оправдани и заслужуваат сериозно внимание. Сепак, повикуваат при споделувањето информации да се води сметка за нивната точност, бидејќи поединечни фотографии и случаи не мора да ја одразуваат целокупната состојба во домот.

Делегацијата очекува сите учесници во проектот да ги почитуваат високите стандарди за квалитет и одговорност. За одржувањето на објектите и отстранувањето на недостатоците се одговорни надлежните институции и изведувачот, додека од студентите се очекува одговорно да го користат сместувачкиот простор.

„Фактите се важни. Важни се и студентите“, наведуваат од Делегацијата на Европската Унија.

Back to top button
Close