(ВИДЕО) Во Турција се урна воен хеликоптер – загинаа четири лица

Четири војници загинаа откако воен хеликоптер се урна во Малатија, пишува hurriyet.com.tr.

Според соопштението од Министерството за национална одбрана (MSB), хеликоптер од типот „-70“ се урнал во областа Саманкој во округот Јешилјурт.

Причината за несреќата сè уште не е утврдена.

Во соопштението се потврдува дека сите четворица војници во леталото загинале.

Министерството изрази сочувство до семејствата, турските вооружени сили и нацијата.

Back to top button
Close